Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претпладне променливо облачно, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но со слаб интензитет.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер (над 80 km/h) од северен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК