Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерот Азир Алиу е избран за нов претседател на Управниот одбор на РеСПА за 2024 година

Северна Македонија ќе претседава со Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) за 2024 година, во областа на реформата на јавната администрација на земјите од Западен Балкан.

На денешниот, 15-ти состанок на Управниот Одбор на РеСПА во Сараево, присуствуваа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и заменикот министер Александар Бајдeвски, исто така и министрите одговорни за јавната администрација на Западен Балкан, високи претставници на Европската комисија, програмата ОЕЦД/СИГМА и други членови на Одборот.

Министерот за правда на Босна и Херцеговина, г. Давор Буноза, официјално му го предаде претседавањето со Управниот одбор на РеСПА на министерот за Информатичко општество и администрација г. Азир Алиу.

Министерот Алиу во својот говор рече дека ќе се обиде да изгради атмосфера на поблиска регионална соработка.

,,Како нов претседавач ќе бидам максимално ангажиран за унапредување на дијалогот, регионалната соработка и политичкото внимание во клучните области на јавната администрација и европската интеграција на земјите од регионот”, рече министерот Алиу.

На средбата беше презентиран и Годишниот извештај на РеСПА и Буџетот за 2024-2025 година.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК