9. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: Дали Скопје може да биде зелен град, атрактивен за туристи, како и Амстердам?

Трн.мк“,Во најновата анкета на „Внимание, внимание“ со граѓаните зборуваше на тема Што мислите, дали Скопје може да биде зелен град, атрактивен за туристи, како и Амстердам?

Дел од граѓаните одговорија потврдно, но заклучија дека е потребна и волја за тоа. Други, пак, не веруваат дека Скопје може да биде зелен град како Амстердам, најмногу заради менталитетот.

На прашањето Дали во Скопје треба да има кафулиња со канабис продукти, за медицински цели и за рекреација? Исто ако во Амстердам? – Повеќето од младите се согласуваат во целост.

На прашањето – „Канабис или дијазепам – што создава поголема зависност?“ – почест одговор на граѓаните е дека дијазепамот создава поголема зависност, што го покажува и статистиката.

„Дали треба да се овозможи одгледување растенија канабис во саксија за медицинска употреба?“ – И на ова прашање повеќето граѓани, особено младите, одговораат потврдно, а некои укажуваат дека треба да се овозможи и за рекреативна употреба.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Извор: Трн.мк

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +