Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦИВИЛ и општина Чаир денеска ќе одржат мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“

ЦИВИЛ во соработка со Општина Чаир организира мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, денес, со почеток во 12 часот, во Општината.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, ќе бидат доделени награди на најуспешните учесници. ЦИВИЛ ќе додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК