Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Денеска (15.11.2023) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Д.К.(44) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена лабораторија за производство на марихуана со околу 150 садници, ламби, вентилатори и друга опрема, како и неколку шприца со кафеава материја, марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК