Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

74 санкционирани возачи на територијата на општина Сарај во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Сарај во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.

При контролата санкционирани се 74 возачи, од кои 20 за возење без возачка дозвола, 14 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Снег вее во Битола – еве каква е ситуацијата и на Ѓавато

ДЕСК

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД 2026: Студ ќе ја обвие Македонија, доаѓа силен ветер, на некои места ќе вее и снег

ДЕСК

Утре сончево време, утрински температури до -10 степени

C +