Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека со почеток во 16.30 часот, поради одржување меѓународна ноќна атлетска трка, со наслов „Низ улиците на Скопје 2023“, во организација на Атлетската федерација на РСМ, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје.

Трката ќе се одвива со траса на движење од Порта „Македонија“, плоштадот Македонија, улицата Никола Вапцаров, па лево по улицата Димитрие Чуповски, потоа десно по улицата 11 Октомври, лево по улицата Филип Втори Македонски, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.

Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива трката.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК