Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка попладнево на патот Велес – Извор: Осум лица повредени во судир на две комбиња

Најмалку осум лица се повредени во сообраќајната незгода што се случи попладнево во 14:50 часот на регионалниот пат Велес – село Извор меѓу две комбиња.

Лицата се со повреди на главата од ударот во стаклото од двете возила и, според првичната информација, се вон животна опасност.

По укажаната прва помош сите лица се однесени во Општата болница – Велес.

Во болницата се уште се вршат прегледи на донесените осум лица и на уште неколкумината повредени во сообраќајката кои сами дошле или биле донесени со приватни коли во Болницата.

Сообраќајката се случила меѓу патничко и товарно комбе во 14:50 часот после раскрсницата кон селото Војница на угорницата кон Чашка.

Регионалниот пат Велес – село Извор најпрво беше блокиран за сообраќај, а од 17:00 часот, како што информира АМСМ, се одвива наизменично, велат првите податоци.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК