Centar.mk
вестЛОКАЛНО

РЕКОРДЕН БРОЈ НА СТЕРИЛИЗИРАНИ КУЧИЊА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ, 2023 ГОДИНА

Во месец Октомври во ЈП Лајка беа стерилизирани и кастрирани 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа вдомени 37 кучиња.

Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП Лајка продолжува да работи во служба на граѓаните.

Ги охрабруваме граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП Лајка, на меил info@lajka.com.mk или на нашите телефонски бреови 02/2 56 58 59 и 071/219-925.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Награди и признанија за првенците на генерација, по 20.000 денари за најуспешните ученици од Општина Центар

ДЕСК

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

ДЕСК

Денови за спорт на младите во општина Илинден

ДЕСК