Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен шверцер, бил затекнат со група од 11 мигранти

Денеска, во 00.50 часот, на потегот помеѓу село Свидовица и село Куклиш, полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода 63-годишниот А. Д. од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, извести МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.

По документирање на случајот, против А. Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК