Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Лајка“: Рекорден број стерилизирани кучиња за октомври

Во октомври во ЈП „Лајка“ беа стерилизирани и кастрирани 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа удомени 37 кучиња.

„Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП ‘Лајка’ продолжува да работи во служба на граѓаните“, објави претпријатието.

Ги охрабруваат граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП „Лајка“, на имејлот info@lajka.com.mk или на нивните телефонски бреови 02/2 56 58 59 и 071/219 925.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК