Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

204 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Во периодот од 01.10.2023 до 31.10.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 204 учесници во сообраќајот, од кои 202 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и две санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +