Денеска (05.11.2023) во 01.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода три млади лица, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 05.11.2023 во 00.55 часот во ОВР Струга лишен од слобода е едно лице од Струга, затоа што од страна на полициски службеници кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.11.2023 во 01.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода едно од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 04.11.2023 во 18.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле слобода лице (39) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со хероин. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Денеска (05.11.2023) во 03.20 часот на место викано „Смоларска раскрсница“, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода трите лица, сите од Штип. При преглед на патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, управувано од лцие, во кое сопатници биле другите две лица, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и известен бил Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.