Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Струмица, пронајден хероин, приведен дилер

На 04.11.2023 во 18.30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода П.П. (39) од Струмица.

При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со хероин. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК