Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Невреме со поројни дождови и грмежи низ Македонија, ќе дува и силен ветер – Синоптичарите објавија кога да очекуваме преодна стабилизација, па ново невреме

Под влијание на циклонска активност времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, особено претпладне. Врнежите во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 70 km/h), а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Потоа во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат во среда.

Прогноза за 06.11.2023
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 07.11.2023
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 08.11.2023
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +