Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Традиционално и оваа година во чест на најголемиот општински празник ќе биде доделена Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Традиционално и оваа година во чест на најголемиот општински празник ќе биде доделена Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

Наградата се доделува како признание на правни и физички лица од општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општина Струмица во Македонија и пошироко.

Конкурсот е објавен денеска и ќе трае заклучно со 23 ноември, а повеќе информации за него може да се добијат на општинската веб страница.

https://strumica.gov.mk/konkurs-za-dodeluvanje-nagrada

Можеби ќе ве интересира

КРАВИТЕ СТИГНАЛЕ И ДО УЧИЛИШНИОТ ДВОР – Крива Паланка поднесе кривични пријави против службени лица

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК

КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ЗА ШТИП – Саниран и вториот голем дефект, водата постепено се враќа во домовите

ДЕСК