„Во никој случај не може да се стави знак еднакво помеѓу измени на кривичен закон, којшто спорните се однесуваат на само еден член и ако забораваме во дискусија на тие измени во кривичниот закон да ги спомнеме сите позитивни работи, коишто фалеа во нашиот систем, како што е проширената конфискација, екоцидот и други измени и она што значи целосна амнестија или ослободување. Измените на кривичниот законик се однесуваа на еден член, за кој што долго време е посочувано дека е општ и непрецизен и не треба да опстои како таков. Она што исто така го забораваме е дека кривичниот закон има над 400 члена, дури и противниците на измените во својата реторика признаа дека има и други членови по кои може да се сноси одговорност“, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.
Таа истакна дека апсолутно ниту може да се стави знак еднаквост, ниту пак измените на овој закон значат амнестија како што беше во ова предлог законско решение.
„Никако не смееме да заборавиме една работа. Не застаруваат случаите поради измените во кривичниот закон, туку поради тоа што факт е дека имаме ефикасно судство. Случајот змиско око започна во 2007 година и после 16 години судење коешто излегува надвор од било што што може да се подведе под разумен рок, некој може да каже дека вината за застарувањето и тоа што немаме судска пресуда се измените во кривичниот законик“, заклучи Шкријељ