Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гордана Јанкулоска од денеска е на слобода

По поминати 3 години и 1 месец зад решетки, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска излегува на слобода.

Нејзиното излегување од затворот „Идризово“ е со условен отпуст, по одлука донесена од скопска Апелација.

Таа нема да се врати во затворот ако до октомври 2024 година не направи ново кривично дело.

Пред Апелација да ја донесе ваквата одлука, судиите ги зеле предвид факторите што Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Јанкулоска во „Идризово“ ја издржуваше казната затвор од 4 години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК

Филипче: Намалувањето на ДДВ за горивата не дава ефект – цените растат

ДЕСК

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК