Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца скопјани се истепале поради недоразбирање во сообраќајот

Денеска во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 20-годишниот А.С. и 55-годишниот З.В., двајцата од Скопје, извести МВР.

– Исто така, во 03.00 часот во СВР Скопје, 20-годишната М.А. од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од З.В., соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК