15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пратениците Стојкова-Серафимовска и Коциќ дел од првата посета на Зелените парламентарни групи од Западен Балкан на Секретаријатот на транспортната заедница

Пратениците Велика Стојкова-Серафимовска и Ненад Коциќ, учествуваа на првата посета на Зелените парламентарни групи (GPG) од Западен Балкан на Секретаријатот на транспортната заедница, која се одржа во Белград, Србија.

Зелените парламентарни групи од Западен Балкан претставени од членови на парламентите, како и претставниците на Школите за јавни политики, се запознаа со работата на Секретаријатот на транспортната заедница.

По официјалната посета на Секретаријатот, учесниците имаа интерна работна средба на која беше презентиран Акциониот план подготвен на Регионалната работилница на GPG одржана оваа година во септември во Будва.

Оваа посета и регионален состанок е четврта регионална активност поддржана во рамките на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергија, транспорт и заштита на климата (ORT-ETC) и неговата програмска компонента поврзана со развојот на капацитетите на неформалните меѓупартиски Зелени парламентарни групи од Западен Балкан за енергија, транспорт и заштита на климата. Компонентата е заеднички имплементирана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH и Мрежата на школи за јавни политики од Западен Балкан.