Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожар избувна во куќа во Скопје, три лица завршија во болница

Доцна синоќа, во 3.35 часот, во полицијата било пријавено дека на улицата Фан Ноли во Скопје избувнал пожар во куќа сопственост на Е. А. (43).

Притоа Е. А. (43), Ф. А. (44) и Е. А. (26) вдишале чад и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, објави МВР.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ЖЕШТИНА, ПА НЕВРЕМЕ: Македонија ја чека нестабилен период со пад на температурите

ДЕСК

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК