Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради асфалтирање, затворен за сообраќај дел од патот Велес – Градско

Поради вградување асфалтен слој на регионалниот пат Р 1102, делница Велес – Градско, од 26.10.2023 година до 1.11.2023 година, во периодот од 8 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа „Дади компани“ до бензинската пумпа „Хив“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК