Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Нема слабост што не може да ја исправиме додека траат преговорите, извештајот на ЕК е повик и план за акција

„Извештајот на Европската комисија го гледаме како реално огледало и претстава за тоа што се случува. На него работиме и ние цела година, како и ЕУ со свои извори и анализи. Очекувам да бидат претставени сите позитивни работи, успеси, но и слабости“ рече вицепремиреот за европски прашања Бојан Маричиќ во Дневникот на МТВ.

Тој додаде дека ќе биде спомената ситуацијата со Судскиот совет, за кој и државата покани оценска мисија од ЕУ за да креира препораки кои државата ќе може да ги спроведе.

„Сигурен сум дека ќе има забелешки и за спроведување на законите, за владеење на правото, но тоа е битката на преговорите. Скринингот покажа дека имаме капацитет, затоа и правиме патокази, од кои едниот е за владеење на правото. Нема слабост што не може да ја исправиме додека траат преговорите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека е оптимист за изшветајот на Европската комисија кој треба да излезе на 8 ноември и рече дека државата овој извештај го сфаќа реално и како повик и план за акција.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК