Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Колева: Поддршката од ЕУ е јасна, да најдеме консензус за уставните измени бидејќи ова е натпартиско прашање

„Поддршката од ЕУ за сите граѓани е многу јасна и многу очигледна. Таа е веќе започната. Ние претходно добивме 80 милиони евра и тоа во текот на најголемиот ценовен шок, поддршка од ЕУ. Најавени се нови 100 милиони евра поддршка од ЕУ, меѓутоа имаме и отворени фондови од 8 милјарди евра коишто ќе можеме да ги искористиме понатаму. Но, мораме да го спроведеме економскиот план заеднички, којшто беше презентиран од претседалката на ЕК и тоа во четири столба коишто се многу важни, истакна пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева во интервју на „Топ тема“ на Телма телевизија.
Таа додаде дека приоритетот којшто како држава го имаме е многу јасен и очигледен и притоа потсети дека многу функционери од ЕУ досега дошле и укажувале дека условот којшто треба да го исполнат пратениците во Собрание е потребен за понатаму да има раст и развој како држава.

„Тоа е јасно и за позицијата и за опозицијата. Најдобро е да седнеме и да најдеме консензус за прашањето за уставни измени затоа што ова е натпартиско прашање. Се работи за иднината на нашите деца. Време е политичките поени да ги тргнеме настрана. Правиме за нашите деца и за нашата држава пред се“, заклучи Колева.

Можеби ќе ве интересира

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил – кривична пријава за измама

ДЕСК

Ужас на паркинг во трговски центар: Неколкумина нападнаа 18-годишно момче

ДЕСК

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК