22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Градската библиотека од Скопје – македонски претставник на Третиот форум на библиотечната унија во Кина

Кина и Унијата се уште еден доказ дека Книгата и културата на секоја земја се нераскинливо повразни со нејзината опстојба, но и дека се дел од најважните алатки при меѓународната размена и дипломатија. Чест е што токму нашата библиотека беше македонски претставник на овој значаен светски настан – подвлекува Снежана Стојчевска директорка на Библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје имаше одлично претставување на 3.Форум на библиотечната унија на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина. Форумот се одржа во кинескиот град Нанјинг во периодот од 21-24 октомври.

На форумот, Библиотеката беше претставена од директорката Снежана Стојчевска и Ивона Џаматовска Јанкуловска, виш библиотекар. Тие, заедно со Јелена Петровска – библиотекар советник од НУУБ „Свети Климент Охридски“ од Битола, беа единствените претставници од Македонија на еден од најзначајните библиотекарски, и воопшто, културни случувања во светот.

На стручниот панел Џамтовска Јанкуловска говореше на тема „Иновативна промоција на избраната литература“, а директорката Стојчевска го претстави краткиот видеозапис за најстарата книга од фондот, „Басни“ од Езоп од 1566 година.

Во официјалниот билатерален дел Стојчевска оствари неколку значјани средби и посети.

Лиу Донг, генералниот секретар на Библиотечната унија, кој воедно е и директор на јавната библиотека од Хангџу, пред директорката на ГБСК го искажа задоволството од заложбите за продлабочување на идните културни размени меѓу Кина и Македонија, како и зајакнување на меѓусебното разбирање во насока на постигнување културен и цивилизациски напредок.

Со Чен Јун, директорот на библиотека од Нанјинг беше разговарано за прашања од областа на библиотечното работење, како и соработката меѓу двете земји во две значајни области – културата и економијата. Библиотеката од Нанјинг беше домаќин на Форумот, а директор кој е и главен организатор на случувањето на Скопската библиотека ѝ подари книга со реплика на старите кинески ракописи.

Македонската делегација ја посети и библиотеката во Шангај каде што се запозна со принципите на врвната технологија имплементирани во на паметни/смарт библиотеки.

-Учеството на Форумот, кој беше организиран на највиско ниво и со многу почести, потоа средбите со директорите на двете библиотеки, како и посетата на библиотеката во Шангај, се големо искуство за нас. Говориме за Кина, земја која има огромна традиција во библиотечното работење, која несомено многу вложува во култот кон Книгата, како и во културата воопшто. Особен предизвик беше да се запознаеме со сите иновации на кои се работи за доближувањето до читателите од новите генерации. Кина и Форумот се уште еден доказ дека Книгата и културата на секоја земја се нераскинливо повразни со нејзината опстојба, но и дека се дел од најважните алатки при меѓународната размена и дипломатија. Чест е што токму Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје беше македонски претставник на овој значаен светски настан – подвлекува Стојчевска.
Библиотечната унија е дел од програмата на Декларацијата Хангџу за културна соработка (2018-2019) помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, објавена од кинеското министерство за култура во септември 2017 година и потпишан од 16 земји. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е членка на Унијата од 2018 година, а во 2021 година беше домаќин и на нејзиниот втор форум, вклучен во Програмата за култура на Град Скопје за таа година.
Библиотеката како чувар на културното наследство е незаменлива алка во меѓународниот синџир на културна размена. Успешно реализираниот форум за културен развој во 2023 година беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Кина. Целта на Форумот и на Унијата е да се зајакне размената и соработката со земјите од ЦИЕ преку промовирање, споделување библиотечни ресурси, како и културна размена и техничка соработка на меѓународната библиотечна заедница.

Спонзорирано: