4.8 C
Скопје
7. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Викендов имало вкупно 20 пожари на отворено, пожарникарите сите ги изгаснале – активни утрово нема

Според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), што се добиени како извештаи од надлежните институции во Системот за управување со кризи (СУК) во саботата имало шест (6), а вчера, како и секоја недела во октомври – најмногу, конкретно имало 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата. Практично, во двата дена од последниот викенд во октомври годинава, во саботата и неделата, имало вкупно 20 пожари на отворено. Но, пожарникарите сите ги изгаснале. Активни пожари, утрово, нема.

Инаку, изгаснатите 14 вчерашни пожари, при што гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча, биле во општините: Велес, кај село Иванковци; Валандово, кај с.Марвинци; Струмица, кај с.Баница; Кичево, кај с.Осломеј; Неготино, кај месноста „Чоркова Чешма“; Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп; Старо Нагоричани, кај истоименото с.Старо Нагоричани; Штип, во месноста „Мирјанина Црква“; Тетово два пожара, кај с.Теарце(ниска вегетација) и кај с.Ратае и во Општина Куманово имало четири пожари, кај с.Речица, с.Оризаре, с.Горно Коњаре и кај с.Пчиња.

ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...

1.

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ПОМОШ: По 3000 денари месечно за пензионерите кои земаат најниски пензии – пари секој месец ќе им стигаат и на учениците и студентите

2.

АХВ: Се повлекува негазирана флаширана вода, не е безбедна за пиење!

3.

Ескорт дамите открија како изгледа платената интимна врска: „Често доживувам оргазам со спонзори“