Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат. По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.

Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗЕЛ „ОПЕЛ“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 51-годишен прилепчанец лишен од слобода

ДЕСК

Ѝ ВЛЕГЛЕ ДОМА И ЈА ОГРАБИЛЕ, 84-ГОДИШНА ПРИЈАВИЛА ГРАБЕЖ– Две лица со закана со остар предмет ѝ одзеле пари

ДЕСК

ПРОНАЈДЕНИ 30 ЛЕНТИ СО ТАБЛЕТИ КАЈ БИТОЛЧАНЕЦ – 37-годишник лишен од слобода

ДЕСК