Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Граѓаните ќе мора да одлучат помеѓу иднина во ЕУ или 15 годишна агонија која ќе ги зајакне позициите на Бугарија

„Ние знаеме што ќе се случи ако нема уставни измени, тоа ни е познато, тоа значи дека ќе мора граѓаните да одлучат помеѓу својата иднина во европските интеграции и завршување на преговорите за некои 4-5 години или во агонија од 15 години која што во меѓувреме ќе ја зајакне позицијата на БГ, ќе даде аргументи на бугарската страна и ние ќе бидеме перципирани како оние кои што го прават проблемот“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Тој додаде дека не мисли дека е тоа реалноста и дека сега владеат апсолутно високи демократски стандарди.

„Ние многу пати како власт и како влада сме жртвувале дури и носење на некои одлуки само за да има валиден демократски процес и за да граѓаните го кажат своето мислење или граѓанските организации или политичките противници“, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК