15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ЕУ со План за раст, првиот трансфер на средства во април

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Топ Тема на телевизија Телма истакна дека денешната посета на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, е позитивен сигнал и охрабрување бидејќи турнејата на Западен Балкан ја започна токму од Скопје.

На тој начин испраќа порака дека не само што Северна Македонија има европска перспектива, туку и дека работи на неа. Нејзиниот фокус на посетата е токму Планот за раст. Навистина постои расположение кај државите членки да разговараат и да дејствуваат на полето на европските интеграции. Не е тоа само наша замисла или убава приказна или убава желба, туку дека е тоа навистина реалност. Второ дека за да покажат на дело дека Планот за раст ќе го ефектуираат во најскор можен рок. Очекуваме на 8 ноември кога ќе бидат објавени извештаите за сите држави од регионот да биде објавен и деталниот план за раст, нагласи Маричиќ.

Маричиќ истакна дека фокусот на реформите што ќе се очекуваат од нас ќе биде во финансиските и економските капацитети на државита и на јакнењето на институциите.

Очекуваме првата евалуација да биде крајот на март, а на почетокот на април првиот трансфер на средства од Планот за раст од Европската комисија. Тоа е намерата на ЕК и тоа е динамиката што ќе ја правиме, нагласи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за телевизија Телма.

Можеби ќе ве интересира

Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

C +

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +