Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Договорениот концепт ни дава шанса да се покажеме, да бараме и да добиеме повеќе

„Концептот е нешто што сме го договарале заеднички во изминатиот период и не мислиме дека е лош почеток. Мислиме дека дава шанса да се покажеме и ние, а дава шанса да се покажат и тие, па во наредниот период ако има услови и волја за повеќе може да бараме и да добиеме повеќе. истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Што се однесува до таканаречениот прв столб „Пристап на Западен Балкан до единствениот европски пазар“ вицепремиерот наброја неколку области, како на пример, соработка во областа на царините со цел полесна трговија, Е-трговија, безготовински плаќања, развој на соработка и олеснување на патничкиот сообраќај и транспортна заедница, развој на пазарот на електрична енергија, и обезбедување на електрична енергија, роаминг пакетот што го има Украина.

„Ние го бараме и работиме на еден концепт и идеја, односно создавање на еден бизнис централен регистар за компаниите од Западен Балкан за да имаат полесен пристап едни до други“, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +