23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

И ескиважата на Фон дер Лајн за лидерот на опозиција Мицкоски е силна порака, само ако има кој да ја дешифира !

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајн од Скопје ја почна четиридневната турнеја низ земјите од Западен Балкан. Домаќини на првата станица во Македонија за високата евро-претставничка беа претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се најде во агендата, па пред да пристигне Фон дер Лајен во Скопје порача дека портите во „белата палата“ се отворени за секој добронамерен гостин. Оваа порака не ја смени агендата на високата евро-гостинка, која куртуазно на новинарско прашање одговори дека се среќава обично со претседатели или премиери на земјите каде патува.

Мицкоски е ескивиран. Зошто се случи тоа во ВМРО ДПМНЕ им е јасно во овие убави чисти есенски денови. За среќа нема магла и смог за да се задскирваме и да бараме виновници. И ова е силна порака, само останува да видиме дали ќе има кој да ја дешифира !?

Деновите кои се пред нас треба да го дадат одговорот.

Пораката која ја повтори Урсула Фон дер Лајн е јасна и недвосмислена дека пред земјите од Западен Балкан е отворена европската перспектива. Меѓу нив е и Македонија со веќе 50 отсто усогласено законодавство со ЕУ. Македонија има најголем успех на доближување со европското законодавство, од сите земји во регионот.

Македонија од осамостојувањето има јасна и недвосмислена цел без алтернативи – ЕУ. На тој трнлив пат досега направи многу „жртви“. Најмногу од сите, но не се поколеба од евро-перспективата. И остана уште една „домашна“ задача, со спроведување на уставни измени кои се однесуваат на вметнување на делови од народи кои живеаат во нашата земја. Пред овој последен чин за застанување на брзата лента, ако и се верува на Европа и високите евро- функционери се појави домашен кочничар. Се противи опозициската ВМРО ДПМНЕ. Не сака да поддржи уставни измени и процесот за отворање на поглавјата е довоеден во „ќор – сокак“, иако дветретини од граѓаните јасно и недвосмислено во сите поодамнешни и понови направените анкети се за пристап во ЕУ.

За ситни дневно политички поени, дали ќе имаат некој пратеник повеќе или помалку, политички неуките лидери продолжуваат да се коцкаат и понатаму со иднината на генерации македонски граѓани. Ја испразнија земјата од млад, образован, стручен и квалитетен кадар. Двигателот на едно општество.

Оставен е бришан простор за ваквите политичари без визии и нивните послушниции на кои им делат функции и работни позиции и ги плаќаат за (не)успехот со народни пари, да си мешатарат. Игрите без граници со судбината на оние на кои сеуште не им се „скинал“ филмот продолжуваат. Потрагата за подобар живот со земањето на пасоши од други држави за македонските граѓани како стојат работите со вакви политичари ќе остане да биде актуелна уште долго.

Извор: 24info.mk