Вработените во Лидл во Германија повторно ќе добијат бонус за инфлација. Исплатата на бонусот е поврзана со 50-годишнината од овој малопродажен синџир, пишуваат германските медиуми.
Лидл повторно ќе ги награди своите речиси 100.000 вработени со компензација за инфлација.
Надоместокот е поврзан со 50-годишнината на синџирот, а вработените со полно работно време добиваат 500 евра. Оние кои се вработени за помалку, добиваат 250 евра. По 150 евра ќе добијат хонорарните и студентите кои работат.
Премијата е ослободена од данок и социјално осигурување во согласност со федералните прописи. Германските медиуми пишуваат дека оваа информација доаѓа од внатрешната комуникација на компанијата.
Лидл оваа година ја прослави својата 50-годишнина во Германија. Историјата на Лидл започна во 1973 година со првата филијала во Лудвигсхафен, Германија, основана од сега 83-годишниот Дитер Шварц.
Денес, компанијата има повеќе од 3.200 подружници и 93.000 вработени во Германија. Од 2009 година, Lidl е активен и во онлајн малопродажбата, но за разлика од неговите филијали – во онлајн продажбата, фокусот не е само на храната.
Lidl сега е застапен во над 30 земји во светот, а од минатата година нуди услуги за преместување на клиентите во Германија.
Наскоро Лидл ќе биде достапен и во Македонија.