Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мобилните царински скенери се како рентген – ништо не може да им избега

Мобилните скенери на Царинската управа се последниот збор на техниката и на царинските „алатки“ за откривање и спречување на нелегална трговија и резултат на соработката на Царинската Управа на Северна Македонија со ЕУ, односно со земјите членки на ЕУ, кои се обединети околу заедничката царинска политика на унијата и околу борбата против криумчарењето, пишува „Рацин.мк“.

Во репортажата на „Рацин.мк“ од поминатиот ден со мобилните тимови на Царинската управа се истакнува дека откако функционира службата за мобилни скенери, може да се пофалат со убави откривања и заплени и допринесуваат во помошта за спречување криумчарење на дрога, оружје, злато, пари, а во последно време и на мигранти.

„Царинската Управа располага со едно вакво скенер возило и уште со 4 мали рентген комбиња. Рентген комбињата се наменети за скенирање на помали пратки, додека големиот мобилен скенер служи за скенирање на камиони, на автобуси и на патнички возила“ изјави Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови на ЦУ на Северна Македонија во изјавата за „Рацин.мк“.

Тој дополни дека, како и царинскиот пес, и мобилниот скенер претставува многу корисна „алатка“.

Додека за оваа година се привршуваат статистиките, со примената на европските стандарди во работењето, наплатата на приходите по основ на царински давачки во 2022 година беа за 27% повисоки во однос на претходната. Тоа се индиции за поголемо учество во финансиската сигурност на државата и за активниот придонес во намалувањето на сивата економија, пишува „Рацин.мк“.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК