Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Раде прв пат се спаси. Втор пат… ако останеш за трет пат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“ – Нови закани кон Раде на тикток по пукањето во Ист гејт

На социјалната мрежа Тик-ток се појавија нови смртни закани за Раде Трајковски – Штекли, кој се наоѓа на интензивна нега, откако неодамна врз него пукаше непознат сторител, по кого полицијата се уште неуспешно трагa, објавија медиумите во Скопје.

„Раде прв пат се спаси. Втор пат… ако останеш за трет пат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, се наведува во заканата од скопското подземје.

Пред неколку дена во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“ беше пуканио во две лица. Според медиумите тоа беа лицето познат како Штекли и во неговиот помлад соработник со прекар Колумбо. Двајцата во тешка состојба беа пренесени во Клиничкиот центар, но оттаму подоцна соопштија дека се надвор од животна опасност.

Ова беше второ пукање во истиот трговски центар во Штекли, првото беше на 25 август годинава исто така во Ист гејт мол.

Можеби ќе ве интересира

Собранието отворено за идеите и предлозите на младите за справување со дезинформациите и предизвиците на дигиталната ера

ДЕСК

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

ДЕСК

Членките на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда кон изјавите на Петар Богојески

ДЕСК