Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведено лице од кичевско, превезувало нежигосано огревно дрво без документација

На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е маж(41) од истото село.

Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата.
Лицето е спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК