Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МВР: 348 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

-Изречени се 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК