Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетници запалиле оган на балкон од тетовската болница

По преземени повеќе оперативни мерки, Секторот за внатрешни работи Тетово ги идентификува лицата што вечерта на 23 овој месец, околу 19 часот, запалиле оган на балконската просторија пред кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница и на тој начин предизвикале општа опасност.

Станува збор за 8 малолетници од Тетово, на возраст од 13 до 16 години, соопшти МВР.

По извршениот увид, а во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со нив и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН 91-ГОДИШНАТА МАЈКА, МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ И НА БРАТОТ – Приведен 59-годишник во Струмичко

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОХРИЃАНЕЦ ПО ПРИЈАВА ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕВОЈКА – Случајот се истражува

ДЕСК

„СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА – ВОЗИ ОДГОВОРНО“ – Полицијата и РСБСП со порака до возачите во Струмичко

ДЕСК