Centar.mk
БИЗНИСвест

Ги заштитивме граѓаните со покачување на платите и пензиите и ја намаливме инфлацијата, велат од СДСМ

– СДСМ ги зголеми платите и пензиите и тоа минималната плата за 100%, просечната плата за 63,5%, минималната пензија за 52.9%, а со антикризните мерки го заштити стандардот на граѓаните, соопшти СДСМ.

„Минималната плата во јануари 2016 година изнесуваше 10.000 денари, а сега е 20.175 денари, што е зголемување за 100% зголемување, односно за 10.095 денари.

Просечната плата е зголемена за 63,5%, односно за 14 136 денари, од 22.254 денари, колку што изнесуваше во јануари 2016 година на сегашните 36.290 денари.

Просечната пензија во јануари 2016 година изнесуваше 13.076 денари, а денес е 19.062 денари, што е зголемување за 6 000 денари или за 52,9%.

СДСМ со навремени и ефикасни мерки го заштити стандардот на граѓаните и обезбеди помош за компаниите, а истовремено ја намали инфлацијата.

Стапката на инфлација од највисоката вредност од речиси 20% минатата година е во постојан надолен тренд и во последниот месец од годината ќе биде на ниво од 5%.

СДСМ продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК