Centar.mk
БИЗНИСвест

Азески во Софија бара чаре за новата давачка

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој е и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6 CIF), денеска во Софија ќе оствари средба со Цветан Симеонов, претседател на Бугарската трговско-индустриска комора.

На состанокот, покрај темите поврзани со унапредување на можностите за соработка меѓу македонските и бугарските компании, ќе се разговара и за оправданиот страв од нов ценовен шок за македонските компании кои користат природен гас, поради воведената вонредна енергетска такса од 13 октомври, за пренос и транзит на руски природен гас низ бугарскиот гасовод во износ од 10 евра за мегават час.

На средбата ќе стане збор само за делот на закупените количини што не се користат и треба да се ослободат, што е и во согласност со ЕУ директивите, и врз пазарна основа да се даде можност за други извори на снабдување, во случај кога се поскапи изворите каде што се наведени такси.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС

ДЕСК

Во март: Годишен раст од 11,3% на вкупните депозити и од 13,1% на вкупната кредитна поддршка

ДЕСК

МЕМО: Првиот учесник веќе е регистриран – АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)

ДЕСК