Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

198 санкции за брзо возење

-Во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК