Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи во официјална посета на Финска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во официјална посета на Република Финска на покана на финската министерка за надворешни работи.

Како што извести МНР, во рамките на посетата тој ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен, и со претседателот на финскиот парламент, Јуси Хала-ахо.

За време на престојот во Хелсинки, Османи ќе го потпише меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки, велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК