Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Груби – Прескер: Европската рута е единствена и вистинска опција

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска го пречека новиот амбасадор на Република Словенија, г-дин Грегор Прескер.

Билатералните односи, патот на евроинтеграциите, процесот на уставните измени, сојузништвото во НАТО и стабилноста во регионот беа едни од темите на разговор на оваа средба.

Билатералните односи меѓу двете земји се опишани како одлични и ќе продолжат во овој дух на пријателство и соработка долги години во многу сфери, вклучително и онаа на одбраната сега како земји членки на НАТО.

Република Словенија продолжува да дава отворена поддршка за продолжување на патот на евроинтеграциите, со што Груби му се заблагодари на амбасадорот Прескер велејќи дека овој пат е единствената и фер опција за Република Северна Македонија, но и за земјите од регионот, додека уставните измени се следниот чекор што мора да се направи за да се продолжи ова патување.

Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни чекори за постигнување на повеќегодишната цел за полноправно членство во Европската Унија.

На состанокот се дискутираше и за безбедносната состојба во регионот, каде двајцата соговорници оценија дека местото на Западен Балкан е во големот

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК