Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

224 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК