Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Украл паричник од возило, приведен крадец во Струмица

Денеска, во 11.30 часот, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г. П. (41) од Струмица.

Тој се сомничи дека претходно во Струмица од возило одзел паричник.

Кај него биле пронајдени украдените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Г. П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

ДЕСК