Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Наградите за БЗР, се одличен пример, патоказ и инспирација и за останатите компании во државата да го следат патот на безбедни работни места

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, организираа настан за одбележување на оваа недела и за обележување на заедничкиот придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес го отвори настанот и се заблагодари на сите релевантни чинители кои континуирано даваат придонес кон заедничките заложби во делот на унапредување и подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
„ Токму во текот на оваа недела, низ цела Европа, во сите земји-членки на Европската унија, но и во земјите кандидати за членство, вклучително и во нашата држава, се организираат голем број настани. Во таа насока една од носечките пораки на Европска кампања за БЗР и на Европската недела за БЗР е пораката дека: „Безбедноста и здравјето при работа не засега сите подеднакво.
Добри се за секој од нас. Добри се и за бизнисот“ рече Тренчевска.

Министерката објасни дека согласно веќе воспоставената пракса беше реализирана и спроведена постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик. Таа посочи дека изборот и оваа година е во организација на Советот за БЗР, со поддршката од Министерството за труд и социјална политика, и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во евалуацијата на компаниите.

Таа го најави и отпочнувањето и на новата кампања на министерството.
„Отпочнуваме нова Европска кампања за здрави работни места која ќе се спроведува во следните две години. Оваа Кампања на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA), ќе биде насловена „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“ и ќе биде посветена на подигнувањето на свеста за дигиталната технологија и сѐ поизразената дигитализација во работата и влијанието кое таа го има врз безбедноста и врз здравјето на вработените“ истакна Тренчевска.

На крајот од настанот беше доделена и Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година.
Добитници на наградите се: Рудник „САСА“, Алкалоид – Скопје и Раде Кончар ТЕП – Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

ДЕСК

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

ДЕСК

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб, тврди СДСМ

ДЕСК