Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени крадци, украденото возило ќе биде вратено на сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (25.10.2023) околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода Р.К.(38) од Скопје и О.А.(18) од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец. Возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК