Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, потег што веројатно е порака до Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека нивната политика на изолација и играње во полза на Русија наидува на осуда кај нивните сестрински партии.
Ваквиот потег, еден од најголемите непријатели на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од земјава да биде избран од нивните сестрински партии на висока функција е во насока на шпекулациите од изминатиов период според кои Христијан Мицкоски нема никаква поддршка бидејќи тој има сериозен проблем со меѓународните претставници, а во неколку наврати од различни центри Мицкоски беше посочен како проруски играч кој ги кочи интегративните процеси, пишува „Градска.мк“.
Во анализата на „Градска.мк“ се додава дека од сите сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Мицкоски добри односи има само со унгарската партија на Виктор Орбан, кој во ЕУ е познат како про-руски политичар.
Внатрепартискиот раздор во опозициската ВМРО-ДПМНЕ со ова станува уште поизразен, бидејќи поумерените и проевропски членови започнуваат се поостро да се спротивставуваат на радикалите во своите редови, па не е чудно и тие да гласаат и да се префрлат во партијата за која потписи собира Арсовска.
Арсовска е конзул на Унгарија во земјава, многу често е поврзувана со поранешниот премиер Груевски, а како што објави „Фокус“, адресата на партијата за која таа собира потписи е на местото каде што се наоѓаат фирми на нејзиниот соработник Драган Митковски, кој, како што објавија дел од медиумите, е близок човек на Груевски.
Ваквите случувања алудираат на тоа дека расколот во ВМРО-ДПМНЕ добива и меѓународни димензии, односно дека и нивните сестрински партии од Европската народна партија (ЕПП) ја избраа страната која е против Мицкоски.