Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55%, оваа година добиваат и 10.000 денари К15

-СДСМ изминатите години на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниците, со покачување на платите за 55 проценти, соопшти СДСМ.

„Платите на наставниците само во септември годинава се зголемени за 15 отсто. Од 2017 досега платите на наставниците се зголемени во повеќе наврати, за вкупно 55 отсто.

Со покачени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство достигнуваат над 40.000 денари.

Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор.

Разликата меѓу СДСМ и ДПМНЕ е јасна и очигледна.

СДСМ за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК