Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Липковско, превезувал огревно дрво без соодветна документација и употребил исправа со невистинита содржина

Вчера во 09.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода 26-годишниот Ј.С. од село Гошинце, општина Липково, извести МВР.

– Во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација. Притоа, од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото, поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ, соопшти МВР.

Лицето е приведено, пронајдените дрва се предадени на Шумска полиција Куманово, а по целосно документирање на случајот против Ј.Ц. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК