6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Последниот К-15 наставниците го добија во 2000-та во канти сирење, маслинки и посебна салама – Оваа година за прв пат по две децении добиваат 10.000 денари, но и драстично покачени плати

Во далечната 2000-та година е последно исплатениот К-15 за вработените во образовниот сектор. Тогашната Влада на ВМРО ДПМНЕ на вработените за последен пат им подели К-15 во вид на канти сирење, кашкавал, сувомеснато и други прехранбени производи во вредност од тогашното К-15, се сеќаваат постарите наставници од тие тие времиња.

После ова К-15 или регресот за годишен одмор беше укинат, а за прв пат наставниците и администрацијата по повеќе од две децении 13-та плата ќе добијат оваа година и тоа по 10.000 денари. Од следната регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата.

Во приватниот сектор овој процент изнесува 40%, а работниците веќе неколку години добиваат К-15, а казните за оние кои не сакаат да го исплатат се многу ригорозни. Оваа година К-15 за приватниот сектор ќе надмине 14.000 денари, а голем број успешни компании веќе им го ислпатија на своите вработени уште летово.

Наставниците ги примија новите септемвриски плати, покачени за 15 проценти.

Наставниците на почетокот на месецов ги добија покачените плати за 15 отсто, па така сега ако еден наставник во основно образование во август оваа година имал почетна плата од 29.258 денари, за септември примил плата 33.511 денари или 550 евра.

Кај професорите во средните училишта оние кои во август имале почетна плата од 30.485 денари, во септември добиле 34.926 денари, покажуваат податоците.

Но зависно од стажот на наставниците, односно од степенот на сложеност, останатите плати се повисоки, а оние кај оние наставници и професори со поголем стаж платата надминува 40.000 денари. Добро е да се потсети дека платата на наставниците беше околу 300 евра во 2017-та година, а минималната плата десетина илјади денари.

Спонзорирано: